Проекти

Во продолжение претставуваме само дел од проектите кои ја илустрираат нашата посветеност да ги претвораме идеите во практични решенија што носат позитивни промени и создаваат подобра иднина.

ОВЖС / Обновлива енергија

Ветерен парк „Богословец“ – Свети Николе

Ја изработивме целосната Студија за оцена на влијанијата врз животната средина (ОВЖС) за ветерниот парк „Богословец“, еден од поголемите проекти за производство на обновлива енергија во Македонија. Улогата на тимот беше да ја спроведе целата постапка- од подготовка на писмо за намера, преку анализа на влијанијата врз почвата, водата, биодиверзитетот, квалитетот на воздухот и локалните заедници, се до обезбедување на позитивно мислење од страна на министерството.

Инвеститор: ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ (2016)



Елаборати

Фотонапонска централа „Страгово-1“ – Кавадарци

Елаборат / Енергетика

Елаборат за соларна електрана со проценка на влијанија врз земјиште, флора/фауна и насоки за одржливо користење на сончевата енергија.

Електро Шарри – Желино

Елаборат / Енергетика

Елаборат за производство на биоѓубриво и енергија од гас, со анализа на емисии, отпад и безбедност на работна средина.

Џонсон Мети – ТИРЗ Илинден

Елаборат / Промена на горивен систем

Проценка на влијанијата од реконфигурација на систем за снабдување со гориво.

110 kV приклучок ТС „Петровец“ – МЕПСО

Елаборат / Високонапонска мрежа

Елаборат за изградба на високонапонски приклучок со анализа на влијанија врз шумски површини и инфраструктура.

Телекомуникациски канали – МЕПСО, Скопје

Елаборат / Телекомуникациска инфраструктура

Елаборат за траси за телекомуникациски водови и оптички кабли со мерки за заштита на подземни води и земјоделско земјиште.

Базна станица СРМ7102 „Негорци“ – A1 Towers

Елаборат / Мобилни комуникации

Елаборат за базна станица со проценка на радиофреквентни влијанија и усогласеност со прописи.

Базна станица и напоен вод СТП6094 – Радање, Карбинци

Елаборат / Мобилни комуникации

Елаборат за базна станица и линиски напојувач со мерки за заштита на локалната средина и населението.

Инфраструктура за блок 3 – Горно Лисиче, Аеродром

Елаборат / Линиска инфраструктура

Елаборат за фекална и атмосферска канализација, водоводни мрежи и јавно осветлување.

Реконструкција ул. „Вардарска“ – Штип

Елаборат / Урбана инфраструктура

Проценка на влијанија при реконструкција на важна улична артерија со мерки за бучава и прашина.

Пешачки мост преку Кочанска Река – Кочани

Елаборат / Мостовска инфраструктура

Елаборат со анализа на водни екосистеми и мерки за заштита при градба.

Реконструкција ул. „Париска“ – Карпош

Елаборат / Урбана инфраструктура

Елаборат за реконструкција на улична мрежа со контрола на квалитет на воздух и бучава.

Хотел „Ла Терраза“ – Дојран

Елаборат / Туризам

Елаборат за хотелски комплекс со анализа на влијанија врз Дојранско Езеро и локален туризам.

Слаткарница „Долче Ла Терраза“ – Центар, Скопје

Елаборат / Угостителство

Елаборат со нагласок на управување со отпад и урбана интеграција.

Ресторан „Еквилибриум“ – Аеродром

Елаборат / Угостителство

Проценка на влијанија врз урбаната средина и соседни станбени зони.

Кафе бар „Кабинет 091“ – Центар

Елаборат / Угостителство

Елаборат со мерки за бучава, отпад и квалитет на воздух во централно градско подрачје.

Производство на козметички средства – Глуво Бразда

Елаборат / Индустрија

Елаборат за објект за производство, администрација и складирање со мерки за безбедност и управување со хемикалии.

Склад/сервис и трговија „Олимпико“ – Карпош

Елаборат / Комерцијален објект

Елаборат за комерцијален комплекс со насоки за управување со индустриски отпад и емисии.

Мултимедијален едукативен центар – Кучково

Елаборат / Јавен објект

Елаборат за адаптација на старо училиште во мултимедијален центар со придобивки за локалната заедница.


ОВЖС / Енергетска инфраструктура

Гасовод Неготино – Битола (делница 2)

Изготвена е Студија за ОВЖС за дел од магистралниот гасовод, со фокус на земјоделски површини, шумски предели и мерки за минимизирање на влијанијата врз населението.

Инвеститор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ (2012)



СОЖС / SEA

ЛУПД „Соларна електрана“ – Општина Илинден

SEA / Енергетика

Стратешка оцена со препораки за рационално користење на земјиште и интеграција со локалната инфраструктура.

ГУП Богданци 2020–2030

SEA / Урбанистичко планирање

Стратешка оцена за новиот ГУП со интегрирани мерки за одржлив развој и урбана мобилност.

УПВНМ „Горица – Исток“ – Охрид

SEA / Туристичко подрачје

Оценка на урбанизација во близина на езеро со акцент на заштита на природното и културно наследство.

ДУП Урбан блок 42 – Струмица

SEA / Урбан блок

СОВЖС со препораки за управување со јавни површини, зеленило и отпад.

ДУП Урбан блок 15 – Струмица

SEA / Урбан блок

Оценка со фокус на кумулативни влијанија и интеграција на зелени коридори.

ДУП дел од блок 3-А, УЕ 1 – Струмица

SEA / Урбан блок

Стратешка оцена за унапредување на безбедноста на животната средина и јавните услуги.

ЛУПД „Белви“ – Општина Илинден

SEA / Индустриска зона

SEA со насоки за инфраструктурна поддршка и контрола на влијанијата.

ЛУПД – Башино Село, Општина Велес

SEA / Локална урбанистичка документација

Анализа на влијанија врз земјиште и локална заедница со препораки за одржлив развој.

ЛУПД – Базна станица, Маврово и Ростуше

SEA / Телекомуникации

SEA за поставување базна станица во планински предел со мерки за биодиверзитет.

Спортско-рекреативен комплекс – Струмица

SEA / Спорт и рекреација

Оценка на влијанија врз шумата и рекреативниот туризам.

Ски центар Плачковица – Општина Радовиш

SEA / Туризам и спортска инфраструктура

Стратешка оцена за планинска туристичка инфраструктура со акцент на заштита на флора и фауна.

Антенски систем за мониторинг на радиофреквенции – Сопиште/Карпош

SEA / Телекомуникациска инфраструктура

СОВЖС за систем на две локации со проценка на здравствени и еколошки аспекти.