СОЖС

ЕВОЛВИНГ е компанија со водечка експертиза за изработка на Извештаи за Стратегиска оцена на животната средина. Широкиот спектар на искуство во стратегиското планирање и способноста за долгорочна процена на влијанијата се апилицирани и при подготвувањето на Извештаи за СОЖС, како за јавниот, така и за приватниот сектор.

СОЖС се изготвува за плански документи: Генерални урбанистички планови (ГУП), Детални урбанистички планови (ДУП), Урбанистички планови вон населено место (УВНМ), Урбанистички планови за село, Државни и Локални урбанистички плански документации (ДУПД и ЛУПД) и други плански документи.

Стратегиска оцена на животната средина се спроведува на плански документи кои се подготвуваат во областа на земјоделството, шумарството, рибарството, енергетиката, индустријата, рударството, транспортот, регионалниот развој, телекомуникациите, управувањето со отпадот, управувањето со водите, туризмот, просторното и урбанистичкото планирање и користење на замјиштето, Националниот акционен план за животна средина и локалните акциони планови за животна средина, како и врз сите стратегиски, плански и програмски документи со кои се планира изведување на проекти за кои се врши оцена на влијанието од проект врз животната средина.

(Закон за животна средина, Сл. весник на РМ 53/2005, Глава X, член 65)

Целта на постапката за стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) е идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето кои би произлегле со имплементација на планскиот документ. Постапката се спроведува уште во фазата на планирање, со цел сите идентификувани влијанија, односно соодветните мерки за елиминирање или контрола на влијанијата да се предвидат во најраната фаза на подготовката на документот.

Со постапката за СОВЖС треба да се обезбеди висок степен за заштита на животната средина, да се интегрираат целите на животната средина во подготвувањето и спроведувањето на планските документи, да се обезбеди соодветна вклученост на јавноста, а се со цел постигнување на одржлив развој.

СОЖС има за цел да обезбеди рамка за дејствување врз процесот на одлучување уште во најрана фаза кога планските документи (кои пак најчесто предвидуваат индивидуални проекти) се подготвуваат.

Тимот на ЕВОЛВИНГ вклучува експерти за подготовка на извештаи за стратегиска оцена, со потврда за положен испит и професионално знаење, кои се наоѓаат на  Листата на експерти за стратегиска оцена на животната средина.