Академија за отпад

Мисијата на Академијата е да придонесе кон унапредување на знаењето на физичките и правните лица за да осигури одржливи решенија за намалување и правилно постапување со отпадот.

Зошто да посетувате и што ќе добиете од обуката?

Потребата за организирање на Академијата за управување со отпад произлегува од Законот за отпад, односно од одредбите за задолжителна обука на лицата кои сакаат да полагаат стручен испит за управување и/ или постапување со отпад.

Секое правно односно физичко лице кое во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создава повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад е должно да изготви и да реализира Програма за управување со отпад и да назначи управител со отпадот. Управителот со отпад треба да поседува сертификат за стручна оспособеност и уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.

Академијата за управување со отпад, како проект на Друштвото за консалтинг, тренинг и услуги ЕВОЛВИНГ ДОО Скопје и Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, согласно решението бр. 11-8410-3, од Министерството за животна средина и просторно планирање добија овластување за организирање на обуки за управување со отпад.

Посетата на обуката ќе им овозможи на слушателите успешно полагање на стручниот испит за управување и/или постапување со отпад, но во исто време и искуство за спроведување на стекнатото знаење во пракса. Секој учесник на обуката на Академијата за управување со отпад ќе добие важечки сертификат за стручна оспособеност, кој е неопходен за пријавување за полагање на стручен испит за вршење на работите за управување и/ или постапување со отпад.

Кој би требало да присуствува?

Поединци: Раководители на различни нивоа и вработени во областите на управување со отпадот, активно ангажирани на полето на заштита на животната средина, вработени во министерствата, општините, јавните комунални претпријатија и други заинтересирани поединци.

Организации/ институции: Сите производни субјекти кои во својот процес генерираат отпад, здравствени установи, хотели, маркети, организации кои се занимаваат со танспорт и третман на отпад и други субјекти.

Програма за обуките

Предавањата се конципирани така да им овозможат на слушателите да се стекнат со знаења за законските и подзаконските акти за управување и постапување со отпад, директивите на Европската унија, видовите на отпад, прописите и правилата за управување и постапување со различните текови на отпад, како и да понудат практични примери на управување и постапување со отпад.

Обуката ќе се одвива во времетраење од 50 часа, според претходно дефинирана програма.

Искуство

Посветеноста во изминатите педесет години кон исполнување на сопствената мисија, развивање и спроведување на ефикасни облици за доживотно образование на Машинскиот факултет, Скопје и заложбите на ЕВОЛВИНГ за професионалност, флексибилност и експертиза во заштитата  на животната средина се гаранција за квалитетот на обуките што ги нуди Академијата.

Предавачи

Обуките ќе се одржуваат под водство на г. Пеце Мирчески, дипломиран инженер по животна средина со положен стручен испит за управување и/или постапување со отпад.

Предавачи на обуките ќе бидат проф. д-р Миле Димитровски, професор на Машински факултет, доц. д-р Даме Димитровски, доцент на Машински факултет, како и голем број на гости/ предавачи кои од ќе внесат практичен аспект на обуката, преку практични примери и студии на случај.