За нас

ЕВОЛВИНГ ви помага да ги развиете, надградите и остварите своите идеи…

Нашата мисија е да бидеме прогресивна консултантска компанија, чиишто тренинг и услуги ќе одговорат на предизвикот за интегрирање на вашите бизнис цели со одржливиот развој.

Посветеноста кон вас и сопствената мисија ја докажуваме преку нашата професионалност, флексибилност, експертиза и одржување на високи стандарди во исполнување на вашите барања.

На клиентите им нудиме квалитетни услуги базирани на нашата мулти-дисциплинарна експертиза, која пред се се однесува на прашања од животната средина, пишување и раководење со проекти, обезбедување и анализа на податоци. Веруваме дека ваквиот пристап ќе им помогне на клиентите да ја подобрат својата конкурентска позиција и да го зголемат својот удел на пазарот.

Експертизата на ЕВОЛВИНГ се базира на вештината да се состави и раководи со група на експерти кои се добро познати по својата способност да планираат и управуваат со сложени и чувствителни проекти.

Ќе ни биде задоволство заедно да работиме на остварување на вашите идеи

Контактирајте со нас или следете не на: