Академија за отпад

Со решение од Министерството за животна средина и просторно планирање бр. 11-8410-3, Академијата за управување со отпад, предводена од ЕВОЛВИНГ ДОО Скопје, доби овластување за вршење обуки за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад.

Потребата за организирање на Академијата за управување со отпад произлегува од Законот за отпад, односно од одредбите за задолжителна обука на лицата кои сакаат да полагаат стручен испит за управување и/ или постапување со отпад.

Секое правно односно физичко лице кое во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создава повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад е должно да изготви и да реализира Програма за управување со отпад и да назначи управител со отпадот. Управителот со отпад треба да поседува сертификат за стручна оспособеност и уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.

Академијата за управување со отпад, како проект на Друштвото за консалтинг, тренинг и услуги ЕВОЛВИНГ ДОО Скопје и Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, согласно решението бр. 11-8410-3, од Министерството за животна средина и просторно планирање добии овластување за организирање на обуки за управување со отпад.

Лицата кои ќе посетуваат обука на Академијата за управување со отпад ќе добијат важечки сертификат за стручна оспособеност, кој е неопходен за пријавување за полагање на стручен испит за вршење на работите за управување и/ или постапување со отпад.

Програмата за обука ќе се спроведува во времетраење од 50 часа, а кандидатот кој редовно ја посетувал обуката, ќе добие потврда за учество на истата, по што ќе може да го полга стручниот испит за да добие Овалстување за управување и/ или постапување со отад.

Ќе ни биде задоволство да одговориме на вашите прашања.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.