Решение за комунален отпад

Според податоците на Државниот завод за статистика на Македонија, вкупното количество на собран комунален отпад во 2008 година изнесувало 531.281,90 тони, додека количеството на создаден комунален отпад изнесувало 713.564,298 тони. Околу 77% од вкупното население користи комунални услуги од комуналните претпријатија. Останатото население (23%) кое не користи комунални услуги, во најголем дел е концентрирано во руралните населени места. Годишното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2008 година изнесувало 349 кг по жител или 0,9 кг по жител на ден.

Дали спасот е во одржливите решенија за комунален отпад?